ДУИ: Инцидентот инсцениран од активистите на коалицијата Алијанса-ВМРО-Левица

by fokus 22:42
22:42

Демократската унија за интеграција најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје, се вели во вечерашната реакција на ДУИ за инцидентот кај Скендербег.

-Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.

Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на Комунална Хигиена во Скопје. ДУИ повикува на смиреност и не поттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите. Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа, велат од ДУИ.

Поврзани новости