ДУИ и СДСМ ќе поднесат иницијативи за укинување на аболицијата

by Фокус 11:42
11:42

ДУИ и СДСМ денеска до Собранието ќе достават иницијативи за укинување на аболицијата од претседателот Иванов за 56 лица осомничени за криминал.

Како што е најавено, ДУИ ќе предложат амандмани за дополнување на Законот за помилување со кои шефот на државата ќе има право да ја укине аболицијата за сите 56 лица или одделно да ја повлекува на барање на лицата што ги помилува.

Пратеникот на СДСМ Петре Шилегов најави дека денеска и тие ќе поднесат иницијатива за изменување на Законот за помилување.

- Advertising -

СДСМ бара Законодавно-правната комисија преку автентично толкување на Законот за помилување да донесе решение дека членот 11 од Законот не постои и по таа основа Иванов не можел да донесе одлука за помилување.

Од ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати повторија дека Претседателот на државата може да ја повлече аболицијата на барање на секое помилувано лице посебно.

Вчера, амбасадата на САД и Европската комисија во одделни изјави повторно побараа одлуката за аболиција веднаш да биде повлечена.