ДУИ и БЕСА сепак седнаа на иста маса

by fokus

На средбата во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама, албанските лидери од Македонија, наводно успеале да постигнат договор за обединување на албанскиот блок.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека наскоро ќе го објави документот кој ќе биде основа на коалицирање во новата влада. Иако, на претходните покани од Ахмети, за средби на домашен терен, БЕСА одбиваше да учествува, сепак, Рама ги седна двете партии на иста маса.

На вчерашната среба во Тирана, освен ДУИ и БЕСА, била и Алијансата на Албанците. Предлог-документот кој бил донесен на средбата, треба дополнително да биде усвоен во трите партии. Тој содржи познати барања за јазична и економска рамноправност, судски реформи, продолжување на мандатот на СЈО итн.

Како што брифираат партиите, Рама не го потпишал документот, туку бил само олеснувач кој ги обединил албанските лидери.

Поврзани новости