ДУИ и Алијанса на Албанците: Да се реализираат сите барања од платформата, без разлика кој ќе формира влада

by fokus

Средбата меѓу ДУИ и Алијансата на Албанците, заврши по речиси два часа разговори. Од партиите не даваат информации за нивниот став околу документот со предлози за коалиција на СДСМ, кој беше доставен на барање на ДУИ. Меѓутоа, двете партии се децидни дека нема да отстапат од нивните барања опфатени во заедничката албанска платформа.

-Имавме средба на работните групи во духот на платформата. Исто така, можам да кажам дека имавме конструктивна средба, разговаравме за точките за кои мислевме дека се многу битни, рече Теута Арифи од ДУИ.

Со ист став излезе и Арбен Таравари од Алијансата за Албанците.

– За нас е битно да се реализираат сите точки од платформата, без разлика кој ќе ја предводи Владата, рече Таравари.

Иако беше најавено дека ќе има лидерска средба меѓу Али Ахмети и Зијадин Села, сепак претседателите на партиите не се појавија на состанокот.

Инаку, претходно, доскорешниот претседател на ДПА, Мендух Тачи излезе со тврдење дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ веќе се договориле за нова коалиција, а поддршка побарале од Алијансата на Албанците. На ова прашање, Ахмети рече оти за него се уште сите опции се отворени и дека освен со СДСМ, тој се уште преговара и со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости