ДУИ бара од БЕСА да одговори дали има договор со ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 13:46
13:46

Од ДУИ сметаат дека резултатите од истражувањето на Институтот „Димитрие Чуповски“, кој утврди висока поддршка кај граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА, се потврда за сомневањата дека е формирана опозициска коалиција меѓу двете партии.

„Институтот на ВМРО се труди да и помогне на Движењето БЕСА во пресрет на изборите. Нема потреба да ја потсетуваме јавноста дека овој “Институт” секогаш се појавува во пресрет на изборите со силна поддршка кон ВМРО, овој пат и кон БЕСА, и дека резултатите се далеку од реалноста. Но, во оваа ситуација се приметува и поддршката која овој Институт му ја дава на Движењето БЕСА, која наликува како враќање на “долгот” помеѓу партнерите или поточно нивна заедничка изборна стратегија “, велат од ДУИ.

- Advertising -

Од партијата на Али Ахмети додаваат дека Движењето БЕСА ќе мора да одговори на јавното барање на потпретседателот на СДСМ, кој побара БЕСА јавно да се изјасни дали има договор со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости