ДУИ бара консензуалeн буџет и фискална децентрализација

by Фокус

ДУИ денеска порача дека ќе го услови учеството во идната влада со консензуално донесување на Буџетот.

– Консензуалното одлучување ќе биде наш приоритет за постигнување на целосна фискална децентрализација затоа што општините честопати знаат подобро од Владата каде треба локално да се инвестира за доброто на нивните граѓани и за тоа треба да им се даде автономија. Ние ќе ја условиме идната влада да има консензуално одлучување и за Буџетот на Агенцијата за државни патишта. Инфраструктурата е елемент кој влијае на директен начин на развојот на албанските зони – изјави носителот на кандидатската листа за пратеници во втората изборна единица Ејуп Алими.

Според Алими, ДУИ ќе бара да застане на чело на Комисијата за економски прашања, како и на Советот за рамномерен развој.

Поврзани новости