Дудуш против СДСМ во Шутка, ќе биде кандидат на ДОМ-ЛДП

by fokus

Актуелниот градоначалник на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш на претстојните локални избори ќе настапи како кандидат на коалицијата ДОМ-ЛДП, дознава Фокус. Ова следува откако СДСМ за свој кандидат за Шуто Оризари го избра Ферат Асан.

На партискиот конкурс за кандидати за градоначалници на СДСМ претходно беше пријавена партнерката на Курто Дудуш, Фатима Османовска која е актуелна претседателка на општинскиот Совет на Шуто Оризари. Но, СДСМ се одлучи за Асан, кој беше и кандидат за пратеник од редовите на СДСМ на последните парламентарни избори.

Се очекува движењето „Одлучно за промени“ составено од партиите ДОМ и ЛДП утре да го промовира Дудуш како свој кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.

К.С.Б.

 

Поврзани новости