Дудуш до Заев: Не нè гласаа граѓаните за да го воскреснете Амди Бајрам

by fokus

Ромските партии денеска на заедничка прес конференција побараа од премиерот Зоран Заев да ја преиспита одлуката за влегување на Амди Бајрам во Владара, затоа што според нив Бајрам треба да одговара кривично и во ниту еден момент не мисли да им помогне на Ромите во Македонија.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш од редовите на СДСМ е незадоволен што неговиот политички противник  влегува во секоја власт, и вели на овој начин продолжува исмевањето на ромската заедница.

-Не нè гласаа граѓаните за да го воскреснете Амди Бајрам од мртвите и за да го вратите монструмот  на местото на злосторот. Се надевам дека гласот на народот ќе биде клучен за преиспитување на вашата одлука, рече Дудуш.

Ако не се преиспита одлуката ромските партии најавија протести.

Поврзани новости