ДСЗИ: Епидемија на жолтица има само во населбата „Даме Груев“, инспекција во училиштата каде има заболени

by Fokus

Епидемија на жолтица на територијата на град Скопје е прогласена само во населба „Даме Груев“ во Општината Ѓорче Петров, информираат за МИА од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од каде посочуваат дека извршени се вонредни инспекциски надзори во сите училишта во градот во кои има заболени ученици и издадени се решенија за преземање превентивни противепидемиски мерки.

Пред почетокот на зимскиот распуст извршени се и контролни надзори по издадените решенија. Во континуитет ќе продолжиме со надзорите во сите воспитно образовни установи, потенцираат од ДСЗИ.

Во врска со зголемениот број заболени од жолтица, од ДСЗИ истакнуваат дека се во постојан контакт со Центарот за јавно здравје Скопје од каде секојдневно добиваат податоци за состојбата со Хепатит А и постапуваат согласно своите надлежности и препораките на Центарoт.

Поврзани новости