ДС: Владата не може да носи решенија за министерствата

by Фокус
Демократскиот сојуз смета дека Владата не може да носи конкретни кадровски решенија во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјала затоа што се спротивни на Уставот и законите и затоа не можат да се имплементираат.
„Министрите имаат законски основ да ги блокираат и да покренат постапка за нивно поништување пред Уставниот суд. Министрите мораат да располагаат со сите кадровски потенцијали за да можат овие ресори да ги остваруваат Уставните надлежности. Во овие исклучително сложени безбедносни состојби, не смее да има двојство во раководењето и командата во МВР и секој што се обидува да го сруши системот за безбедност за тоа ќе понесе одговорност. Безбедноста и стабилноста на државата мораат да бидат во преден план, а не личните и партиските интереси“, сметаат од ДС на Павле Трајанов.

Поврзани новости