ДС: Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за советот за одговорност на судии

by Фокус

Демократскиот сојуз во февруари оваа година до Уставниот суд достави иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 6 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија.

Од таму побараа од Уставниот суд да донесе и времена мерка за да не се имплементира овој закон бидејќи е во коализија со Уставот на Република Македонија.

 – Имено, со член 6 од овој Закон се предвидува членови на Советот за утврдување на факти да можат да бидат само пензионери, кои треба да засноваат редовен работен однос и да примаат плата од 1000 евра, а сите други кадри со искуство од правосудната област се дискриминираат. Овие членови треба да извршуваат оперативно – истражувачки активности за утврдување на одговорност на судиите – се наведува во соопштението од партијата.

Поврзани новости