ДС: Со денешната седница треба да претседава највозрасниот пратеник

by fokus

Демократскиот сојуз денеска реагира на тоа дека со конститутивната седница на Собранието ќе претседава Трајко Вељаноски. Велат дека според Уставот и Деловникот за работа, со неа треба да претседава највозразниот пратеник.

-Седницата е закажана од претседателот на Парламентот од претходниот состав и тој нема никакви други надлежности и овластувања, сосема логично е дека со истата треба да претседава највозрасниот пратеник од новиот состав, доколку се откаже, тогаш со седницата раководи следниот по возраст пратеник, се вели во реакцијата.

Доколку и натаму има кршење на Уставот, велат оттаму, тогаш по верификација на мандатот на пратениците, мнозинството пратеници треба да изберат или претседавач или претседател на Собранието, но тоа треба да се случи на истата седница во текот на денешниот ден, за да се осуетат било какви сценарија за блокада на Парламентот.

Поврзани новости