ДС: Притворите за демонстранти ќе ги заострат состојбите

by Фокус
Уставно право и едно од цивилизациските придобивки е правото на протест за искажување на став и незадоволство од власта, реагираат од Демократски сојуз по информациите дека има приведени меѓу лицата што десетина дена протестираат во Скопје.
„Аболицијата и одржувањето на избори без за тоа да има елементарни услови само ја прелија чашата од незадоволство. Обидите преку заплашување со најава за притвор на учесници во протестите, дополнително ќе ги заострат состојбите и тие можат дa ескалираат со посериозни нарушувања на јавниот ред. Судовите да не прифаќаат никакви политички притисоци и да одлучуваат согласно законите“, стои во реакцијата на ДС на Павле Трајанов.
Од таму бараат одлободување на Здравко Савевски од Левица. а со ист апел се јави и невладината Цивил.

Поврзани новости