ДС предлага повторно судење за Рамковски и другите политички затвореници

by fokus

Од партијата Демократски сојуз на Павле Трајанов предлагаат обнова на судските постапки во политички монтираните случаи. На осудените во овие постапки, велат од таму, треба да им се овозможи фер судење. Во исто време, сметаат од таму, треба да се започнат постапки за одговорност и на сите инволвирани (политичари , припадници на МВР, обвинители и судии) во монтираните судски процеси.

„После потресната исповед на Емел Рамковска, најмалку што може да се направи е да им се овозможи повторно и фер судење. Демократскиот сојуз смета дека законите за амнестија, лустрација и обнова на постапката за монтираните политичко -судски случаи, треба да се донесат во пакет, како крупен чекор кон воспоставување на праведен систем и корекција на неправдата“, велат од ДС.

Демократскиот сојуз сугерира освен за Законот за амнестија, во најкус можен рок да започне јавна и   парламентарна  расправа и за лустрацијата, како и  за политичко -судските монтирани процеси.

Поврзани новости