ДС: Пратениците кои им ги отворија вратите на насилниците да си поднесат оставки

by fokus

Демократскиот сојуз бара темелна истрага и одговорност за сите инволвирани во насилничкото и крваво сценарио насочено против Република Македонија.

-Демократскиот сојуз бара од МВР и Јавното обвинителство, да спроведат неселективна брза, ефикасна и сеопфатна истрага против организаторите на насилството во Македонскиот Парламент, насилство со кое се поткопаа темелите на државата и е во функција на сценариото за целосна дестабилизација и разнебитување на Македонија, се вели во соопштението.

Во него, оваа партија тврди дека пратеници ги тргнале заштитните пречки од вратата на главниот влез во Парламентот, за да влезат демонстрантите и за нив бара одговорност и веднаш да си поднесат оставка.

-Тоа е нивна морална обврска и одговорност. Одговорност мора да понесат и инспираторите, организаторите и директните учесници во овие насилнички процеси, се вели во соопштението.

Демократскиот сојуз повикува граѓаните да останат присебни и смирени и да не учествуваат на протести, се со цел да се даде простор на политичкиот дијалог и обезбеди мирен трансфер на власта преку избор на нова Влада и стабилизирање на состојбите.

Поврзани новости