Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување од лидерите на четирите партии, кои презедоа обврска за имплементација на договорот од Пржино. Секое пролонгирање само ја продолжува агонијата во која токму тие партии ја вовлекоа државата. Долгото траење на кризата негативно се одразува и врз бизнис климата, како и зголемување на бројот на младите да ја напуштаат нашата земја.
Павле Трајанов, претседател на партијата потенцира дека отвореноста на ДС за млади, способни и креативни млади кадри е гаранција дека сме на добар пат да се спроведат вистински реформи и промени. ДС смета дека се неопходни системски промени и јакнење на одговорноста на носителите на јавни функции за погрешни политики, корупција и блокадата на евроинтеграциските процеси.