ДС: Победата на СДСМ е чиста како солза, најмалку што треба да направи Груевски е да ги признае резултатите

by fokus 13:48
13:48

Демократскиот сојуз оценува дека  вчерашните локални избори беа демократски, фер и пред се слободни, без насилство, притисоци, клиентелизам, фалсификати или било какво кршење на изборниот процес.

„На овие избори победија граѓаните  кои излегоа на гласање и слободно ја искажаа својата цврста решеност и определба за промени и реформи, при што мнозинството ги поддржаа политиките на Владата на Република Македонија, за еднаквост на сите граѓани, правда и ефикасна борба против криминалот, разрешување на отворените прашања со соседите и деблокирање на процесите за полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во Европската унија“, велат од партијата на Павле Трајанов.

- Advertising -

Од таму додаваат дека победата на кандидатите за градоначалници и советници на Коалицијата предводена од СДСМ е чиста како солза и најмалку што треба раководството на ВМРО ДПМНЕ  да  направи е да ги признае резултатите  и да ги поддржи реформските процеси во државата.

Поврзани новости