ДС: Од новата влада очекуваме подеднакво важење на законите за сите

by Fokus
Демократскиот сојуз на Зоран Заев, му го честита изборот  за премиер на Владата на Република Македонија, како и честитки за министрите во неговиот кабинет.

– Промените зад кој застанаа над 700 илјади граѓани започнаa. Нашите очекувања од новата реформска Влада се стабилизација на државата, релаксирање на состојбите и креирање на амбиент за сигурност на сите градење на единство и сплотеност, воспоставување на нов систем на вредности, коренити реформи на политичкиот систем и подеднакво важење на законите за сите граѓани – се наведува во партиското соопштение.

Од таму тврдат дека ги подржуваат определбите за деблокирање на евроатланските -интегративни процеси и длабоките реформи во системот за безбедност (тајните служби), правосудството, како и реформите во даночната политика и образованието (укинување на екстерното тестирање и сл.) и другите области.

Поврзани новости