ДС: Медиумите се движечка сила во изминатите 27 години

by fokus

Слободата на печатот е круцијална за развој на демократијата и јакнење на основните човекови права и слободи, вклучително и како можност секој граѓанин слободно да го искаже својот став, велат од Демократскиот сојуз.

Од партијата велат дека медиумите се движечка сила на промените и воспоставување на нов систем на вредности, парламентарна демократија и афирмација на владеењето на правото во изминатите 27 години.

„И покрај сите слабости, политичките и бизнис притисоци врз новинарите, само со слобода на печатот може вистината да стигне до граѓаните. Демократскиот сојуз од секогаш е за слобода на печатот и слобода на говорот и високо ја цени и поддржува борбата на секој човек и новинар за објективно информирање. Треба сите заедно да придонесеме, новинарите да можат слободно да ја извршуваат оваа тешка и исклучително ризична професија“, велат од ДС.

Поврзани новости