ДС: Логично и легитимно е сега мандатот да го добие СДСМ

by fokus

По неуспешниот обид ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди парламентарно мнозинство за избор на Влада, сосема логично и легитимно е мандатот за состав на нова Влада да го добие СДСМ, сметаат од Демократскиот сојуз.

-И покрај укажувањата на експертите и Уставните решенија, мандатот да го даде на партијата или партиите што имаат мнозинство во Парламентот, Ѓорге Иванов, мандатот го даде на ВМРО ДПМНЕ, со што го прекрши Уставот и овозможи огромна предност на мандатарот Никола Груевски да формира Влада, но  обидот остана без резултат.
Сега во интерес на стабилноста, националните, државните и интересите на граѓаните е да се избере Влада која ќе обезбеди стабилност, владеење на правото и ќе спроведе длабоки реформи. Проценките се дека има мнозинство и сосема е извесно дека одговорноста за состав на нова Влада ќе биде и на СДСМ, но и на другите партии. Инаку не ни се потребни отворање на вештачки дилеми околу Уставните решенија или повторно избори, мнозинството граѓани (над 612.000) се определени за промени стабилност, стои во реакцијата на ДС.

Поврзани новости