ДС го повикуваат Столтенберг да направи се што е во негова моќ Македонија да стане членка на НАТО

by fokus
Демократскиот сојуз смета дека посетата на Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО, е од исклучителна важност и признание за реформите и демократските капацитети на Република Македонија.
„Македонија беше лидер на демократските реформи во Балканот, носител на Јадранската група за влез во НАТО, учествуваше и учествува со воени сили во повеќе меѓународни мировни мисии (Ирак, Авганистан, БиХ, Либан и др.), во 1999 година прифати над 500.000 бегалци од Косово, Криволак е своевиден вежбовен центар и ги заврши сите значајни реформи во одбраната согласни стандардите на НАТО“, велат од партијата на Павле Трајанов.
Оттаму го повивкуваат Столтенберг да направи се што е во негова моќ, Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО.
„Приемот на Македонија во НАТО, ќе придонесе и за стабилизација на Балканот, како и услови за демократски и економски развој на сите држави од регионот. Општиот политички и граѓански консензус, се гаранција дека Македонија ќе продолжи со демократските реформи и ќе етаблира систем на владеење на правото, како и целосно почитување на основните човековите права и слободи“, додаваат од партијата.

Поврзани новости