Државно злосторничко здружување против сопствениот народ и држава!

by lali 20:18
20:18

Да ги тргнеме на страна идеолошката и партиската вредност и припадност. Јас разбирам и несогласување врз тие основи, но она што ни се случувало, оној криминал, ниту бил ниту имал ништо блиску до идеологија и принцип на партија. Тоа здружување работело против народот и против државата. Тоа здружување нема ниту В од ВМРО!

Од позиција на власт и моќ, со зделка да украдеш 150 милиони евра народни, граѓански пари, а со друга зделка да ги переш парите преку членовите и партијата за лична цел и богатење на неколкумина не е ништо помалку од злосторничко здружување и дирекна штета врз сопствените граѓани, членови и симпатизери. А жртвата од тие зделки на сопствен грб ќе ја носи народот, ќе ја понесат граѓаните без разлика на партиската и идеолошката припадност.

- Advertising -

Ја уништувале и ја уништија партијата. Го наместија и излажаа членството. Тоа злосторничко здружување излезе најголем и единствен непријател за своите симпатизери и за Македонија.

Дури и оние што се уште не веруват во ова што го доживеале од сопствената партија, и го толкуваат како линч кон партијата, веќе треба да се уверат дека ова ниту било натрпевар меѓу партиите, туку било борба меѓу едно криминално и злосторничко здружување од една страна и чесните граѓани од друга страна. И на крај, правдата ќе победи затоа што, „вистината е како шило“ знаеше да каже еден, најглавниот и прв осомничен од тоа злосторчничко здружување.

Она што друго што денот донесе се снимките којшто Телма ги објави од настаните за време на крвавиот четврток. Седум пратеници од коалицијата на ДПМНЕ ги отвораат вратите на Собранието. Пратениците којшто ги гласале луѓе отворија врата на протестирачите за да ги линчуваат своите колеги. Тоа е во најмал збор е гадно, но и тие мора, МОРА да сносат одговорност и да одговараат пред законот. Нема бегање од тоа и нема спас! НЕМА!

Влатко Васиљ

Поврзани новости