Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерно тестирање

by Fokus

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од основното и средно обрзование. На интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk се достапни  околу 450 илјади прашања, а  20 проценти се обновени.

Тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците полагаат два предмета по електронски пат.

Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај. Кој предмет ќе го полагаат учениците ќе дознаат три дена пред тестирањето.

Поврзани новости