Државната мерна станица во Кавадарци регистрира многу поголема загаденост отколку општински станици, Јанчев вели државната не покажува точно

by fokus

Државната мерна станица за состојбата на воздухот вечерва покажува дека конценрацијата на ПМ 10 честички во воздухот во Кавадарци е дури 471 милиграм на метар кубен.  Додека другите три мерни станици поставени од Општина Кавадарци покажуваат далеку пониска концентрација од 76, 20 и 19 милиграми на метар кубен.

Градоначаникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за „Фокус“ вели дека државната мерна станица не дава точни резултати. Што се однесува до другите три мерни станици кои се поставени од општината, вели дека се сертифицирани и ги следи Универзитетот Гоце Делчев.

Загаденоста вечерва е огромна во повеќето населби во Скопје, како и во Тетово, Гостивар, Куманово и Охрид.

Катерина Смилева

Поврзани новости