Државјанка на Тунис се породила на белградскиот аеродром

by fokus 18:56
18:56

Државјанка на Тунис на белградскиот меѓународен аеродром „Никола Тесла“ родила здраво машко бебе, пренесува Радио-телевизија Србија (РТС).

Лекарката Даниела Јевтиќ од белградската служба за брза помош изјавила за РТС дека пораѓањето започнало на улица, а за само 10 минути по првите трудови болки завршило во зградата на белградскиот аеродром.

- Advertisements -

Мајката и бебето се во добра состојба, а бебето ќе се вика Адам.

 

Поврзани новости