Државен инспекторат: Панчевски незаконски го деградирал Стаменковски

by fokus

Државниот инспекторат за труд утврди дека поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Владимир Панчевски, незаконски го прераспределил на друго работно место вработениот Горан Стаменковски.

Трудовата инспекција по претставка на оштетениот и по извршени проверки во судот, констатирала дека одлуката што на 28 септември била донесена „не е во согласност со член 60 став 2 од Законот за судска служба, поради што му се укажува на работодавачот донесеното решение да го укине“.

По ова решение, Стаменковски испрати соопштение во кое информира дека  поднесува кривична пријава за екс-претседателот Владимир Панчевски поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело: „злоупотреба на службени податоци”, од член 149 став 3 а во врска со став 1 од Кривичниот законик на РМ, за кое е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

Поврзани новости