Државата со нов долг од над 49 милиони евра

by fokus

Македонија е пред ново задолжување. На аукција денеска ќе бидат понудени шестмесечни, едногодишни и двегодишни записи, како и 15 годишна обврзница, во вкупен износ од над 49 милиони евра.

До крајот на месецот Владата планира да спроведе уште две аукции и задолжување од околу 70 милиони евра.

Јавниот долг на Македонија, според Министерството за финансии изнесува околу 4,8 милијарди евра.

Поврзани новости