Државата ќе ја плати операцијата на Тамара Димовска во Хрватска

by Фокус 19:10
19:10

Државата одлучи да ги плати сите трошоци за седмиот оперативен зафат во странство врз деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која има искривување на рбетот.  Таа треба да оди на операција во Хрватска, бидејќи во Македонија ја нема потребната апаратура за овој медицински зафат. За операцијата на Тамара се потребни 30.000 евра.

– Досега биле изведени шест оперативни зафати, но било утврдено дека е потребен и седми поради што тој ќе биде изведен во странство, а сите трошоци ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија – истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

- Advertisements -

Пред неколку денови беа споделени телефонски линии, преку кои сите хумани граѓани можеа да донираат пари за лекувањето на Тамара.

Поврзани новости