Друштвото на антички Македонци од Перт ја замоли Владата да не го менува името на Арената „Филип II“

by fokus

Како друштво се залагаме за зачувување на националните и културни вредности на македонскиот народ и затоа ја замолуваме Владата на Македонија да не го менува името кое буди гордост и историски чувства кај Македонците, напиша Друштвото на античките Македонци од Перт во отворено писмо.

-Ве молиме и упатуваме апел, не дозволувајте да се одземе она што беше создадено со храброст и мудрост и што доби толку добар прием кај македонскиот народ. Доколку треба да се вметне или истакне името на некој инвеститор, постојат разни начини тоа да се изведе, без да се повредат националната гордост и историја зошто тие се позначајни и потрајни од било кој инвеститор или сопственик, се вели во писмото.

Поврзани новости