Другата страна на Кан: Гола жена на црвениот тепих против руските силувања во Украина!

by Fokus 17:00
17:00

Канскиот филмски фестивал кој ги собра светските актерски ѕвезди, освен гламурот, ја покажа и другата страна.

Како што пренесуваат светските медиуми, непозната жена го соблекла својот фустан и гола, со исцртано украинско знаме на градите започнала да вика на црвениот тепих.

На телото и пишувало – Престанете да не силувате, а набргу по инцидентот, обезбедувањето ја покрило со јакна и ја тргнало од пред збунетите гости.
Нејзиниот идентитет е непознат, пренесуваат медиумите.

В.К.

Поврзани новости