Трамп реши сепак да ги објави сите документи за атентатот на Кенеди

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги објави сите тајни документи за атентатот на Џон Ф. Кенеди откако претходно најави дека дел од списите ќе останат тајни.

Иако вчера го блокираше објавувањето на стотици документи поврзани со атентатот на 35-тиот американски претседател, Трамп денеска порача од својот Твитер профил дека ја променил својата одлука.

„По сериозните консултации со генералот Кели, ЦИА и други агенции, одлучивме да ги објавиме сите документи за Џон Ф. Кенеди, освен имињата и адресите на луѓето кои се уште се живи. Ова го правам за целосно обелоденување, транспарентност и со цел да им ставам крај на сите теории на заговор“, напиша Трамп на Твитер.

Веќе објавените документи покажаа дека советските власти практично веднаш по атентатот и предале на Владата на САД голем број информации за Ли Харви Освалд, кој, според официјалните наоди на Вашингтон, беше прогласен за организатор и сторител на ова дело. Информациите дека Москва и помогнала на Вашингтон се наоѓаат во архивите на американската администрација.

Поврзани новости