Тајани ја поздрави одлуката на Мадрид да ја преземе власта во Каталонија

by fokus

Незвисноста на Каталонија, што ја прогласија регионалните власти во Барселона, нема да ја признае никој во Европа, изјави вчера претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

– Никој нема да ја признае Каталонија како независна држава. Референдумот беше нелегален и таму треба да се обнови владеењето на правото, порача Тијани во изјава дадена по завршувањето на собирот посветен на иднината на Европа.

Тој оцени дека одлуката на шпанската Влада за распуштање на каталонските регионални власти и за распишување предвремени избори во регионот претставува „вистинска работа“, бидејќи на нив жителите на Каталонија ќе можат да решат „каква влада сакаат да имаат“.

– Се треба да се прави во согласност со Уставот на Шпанија, порача Тајани.

Тој нагласи оти Европа се надева дека дијалогот може да помогне во решавањето на „тешката ситуација“ во Шпанија.

Во меѓувреме Мадрид ја презеде власта во Каталонија и ги смени сите високи функционери, а каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ги повика Каталонците да им прижат отпор на мерките усвоени од Мадрид.Тој во денешното кратко телевизиско обраќање побара од народот „ненасилно“ да ја одбие контролата на Мадрид.

Поврзани новости