Цукерберг и Гејтс во петорката најбогати луѓе на светот според „Форбс“

by fokus

Главниот извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос повторно е на врвот на листата на најбогати луѓе во светот што ја објавува списанието „Форбс“. Безос по втор пат во неговата кариера ја добива титулата набогат човек на светот. Неговото богатство се проценува на над 90 милијарда долари.

Кога претходно овој месец „Форбс“ ја објави својата листа на 400-те најбогати луѓе во САД, Безос беше на второ место со 7,5 милијарди долари помалку од Бил Гејтс, но за кратко време го престигна основачот на „Мајкрософт”. Безос стана најбогатиот човек на светот благодарение на скокот на цената на акциите на интернет гигантот на берзите.

Третото место на листата го завзема американскиот инвеститор Ворен Бафет чие богатство се проценува на 80,6  милијарди долари.

На четврто место е сопственикот на „Зара” Амансио Ортега, со богатство од 77,9 милијарди долари.

Првата петорка ја затвора Марк Цукенберг, основачот на „Фејсбук”, чиј капитал е проценет на 73,8 милијарди долари.

Од светот на спортот Кристиано Роналдо води на листата најбогати спортисти за 2017 година. Според престижното списание „Форбс“, напаѓачот на Реал Мадрид има заработка од 93 милиони долари во текот на минатата година. По него следува тенисерот Роџер Федерер со 64 милиони, а трет е голф играчот Рори Меклрој со 50 милиони долари.

 

Поврзани новости