Бадијала МВР издава лични карти и денеска кога со нив не може да се гласа, велат од кај народниот правобранител

by fokus

Избирачкиот список е заклучен на 9-ти септември и сите граѓани на кои им се истечени документите после овој датум, веќе се избришани од него, велат од канцеларијата на народниот правобранител.

Тоа што Министерството за внатрешни работи издава лични карти еден ден пред одржување на изборите и на самиот ден, според народниот правобранител е апсурд.

-Со тие документи граѓаните пак нема да можат да гласаат. За нив настанува проблем, тие без своја вина бидејќи таков е системот, иако тоа не е во согласност со уставот и законите, се бришат и добиваат одговор дека не дошле на јавниот увид. Остануваат без право да гласаат иако во меѓувреме извадиле нови лични карти – велат од таму за „Телма“.

Тоа е случајот и со дел од затворениците кои не можеле да го остварат своето право на глас затоа што нивните лични карти се истечени. 273 затвореници не можеа да гласаат затоа што никој не се погрижил да им ги обнови документите.

Поврзани новости