Дрпљанин осуден на 8 години затвор за разбојништво

by Фокус

Алмир Дрпљанин од Скопје, кој на почетокот на годината беше екстрадиран од Косово, вчера во Основниот суд Скопје 1, беше осуден на 8 годишна затворска казна за разбојништво врз возило на Македонски пошти, што го извршил во март 2008 година.

„Имајќи ги во предвид сите олеснителни и отежителни околности судот, обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од 8 години. Кривично – правниот предмет за кој беше објавена пресудата се води откако Кривичниот совет при овој суд го прифати барањето на одбраната за повторување на постапката, бидејќи на обвинетиот за истото дело му се судеше во отсуство и му беше изречена казан затвор во траење од 15 години затвор“, информираат од судот.

Од судот информираат дека против Дрпљанин се водат уште два други кривично правни предмети по дозволено повторување, бидејќи обвинетиот во тој период бил недостапен на органите на прогон, и тоа еден предмет за кривичното дело Тешка кражба, за кое дело бил осуден во отсуство на 2 години затвор, а во 2010 година, исто така во отсуство, беше осуден на казна доживотен затвор, како обвинет за убиството на полицаецот Африм Арифи, што се случи во 2008 година, кај Природно математички факултет.

 

Поврзани новости