„Дрисла“ загадувала повеќе од дозволеното со согорување медицински отпад

by fokus

Депонијата Дрисла загадува над дозволените граници со чад кој е резултат на согорување медицински отпад, покажа вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина. Регистрирано е поголемо испуштање јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина надвор од дозволените вредности.

-Поради ова надминување и повреда на законска одредба, ДИЖС поведе постапка која е согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, односно Законот за животната средина за правното лицњ, соопштија од Државениот инспекторат за животна средина.

Инспекторите го ограничиле палењето на медицинскиототпад во Дрисла на само 8 часа во периодот помеѓу 7 и 19 часот. Горењето ќе биде целосно забрането кога загадувањето во населбата Лисиче ќе биде над 100 микрограми честички ПМ 10 на метар кубен воздух.

Поврзани новости