Драмски театар подготвува комеморација за Горан Стефановски

by fokus

Од Драмскиот театар Скопје соопштија дека во соработка со други институции подготвуваат комеморација за драмскиот писател Горан Стефановски. Од таму информираат дека во чест на Стефановски ќе се одржат и серија на настани, а дека распоредот за настаните ќе биде објавен следната недела.

„Сметаме дека најмалку што можеме да направиме за Мајсторот, е достојно да го подготвиме овој чин. Во координација со неговото семејство датумот за комеморацијата ќе биде дополнително определен по нивното пристигнување во Македонија. Драмски театар Скопје, подготвува и серија настани со кои ќе се обидеме да доловиме бар сегмент од неговото творештво. Ќе бидат опфатени повеќе сегменти како изложба на фотографии од неговите претстави, интервјуа со Горан Стефановски, прикажување на снимки од театарски претстави, драматуршки разговори/работилници „Дебармаало и Горан“…“, информираа од таму.

Поврзани новости