Драма во скопско Волково: Синот им се заканувал на родителите дека ќе ги убие, полицијата пукала во воздух за да го заплаши

by fokus

Семејна драма се случувала вчера после полноќ во скопското село Волково. 22-годишниот М.Г. физички ги нападнал своите родитли и братот, по што излегол од домот пред куќата и со нож им се заканувал дека ќе ги убие. Настаните се случувале околу 02.00 часот по полноќ, кога интервенирала полицијата.

„По преземени мерки, од страна на двајца полициски службеници биле испукани куршуми во воздух заради предупредување, по што истиот бил совладан и приведен. Известен е јавен обвинител, а на М.Г. му е укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош и во Клиника за токсилогија. По целосно документирање на случајот  ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираа од МВР.

Поврзани новости