Драма во Куманово: Лекар истепал колега, а нападнатиот бегал низ прозорец

by Fokus

Утрово во кумановската болница, бил нападнат докторот Шукри Фазлиу. Тој вели дека бил нападнат и навредуван од неговиот колега Илбер Исуфи затоа што не одговорил на неговиот телефонски повик, објави Алсат.

„Во 8:15 часот мојот колега дојде од дома. Бев на должност во мојата канцеларија, тој ја отвори вратата со нога, ја тресна силно и влезе во мојата канцеларија. Ме фати за врат, му реков, колега што е работата, што направив?! Ми рече – ти се јавив и не ми одговори. Му реков дека нема да одговорам, јас сум на службена должност и се грижам за пациентите во одделот. Бев во опасност. Избегав од мојата канцеларија имав отворен прозорец. Колегите не треба да се плашат од колегите, ова е без коментар, немам коментар за вакво однесување од колегата“, изјави Шукри Фазлиу, доктор.

Поврзани новости