Драги македонски граѓани, ве чекаме во ЕУ и НАТО, рече на македонски јазик министерот за надворешни работи на Луксембург

by fokus 14:11
14:11

„Ве чекаме во ЕУ и во НАТО“ – порача на македонски јазик министерот за надворешни работи на Големото Војдводство Луксембург, Жан Аселборн, на денешната средба во Владата со премиерот Зоран Заев.

Се работи за иднината на Македонија, но и за иднината на целиот регион, беше речено на средбата, соопшти владината прес-служба.

- Advertisements -

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Аселборн рече дека Македонија е на добар пат да ги осигура евро-атлантските интеграции и во таа насока изрази повик за успешен референдум во државава.

– Мнозинството граѓани на Македонија се определени за европска и атлантска иднина на Македонија и јас верувам дека референдумот ќе биде успешен. Определбата и на граѓаните и на Владата е просперитет на Република Македонија и практикување на европските вредности коишто значат подобар живот и владеење на правото за доброто на сите во државата, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, посочи на огромниот бенефит од договорот од Преспа, а тоа е заштитата и потврдата на македонскиот идентитет и на македонскиот јазик во светски рамки и оцени дека граѓаните се свесни за оваа придобивка.

Заеднички е констатирано дека станува збор за историска шанса за напредок и интеграција на Македонија и дека сите политички субјекти и граѓани имаат должност да донесат одлука во интерес на доброто на државата и на иднината на децата и младите.

На средбата се разговараше и за други прашања актуелни во европски и регионален контекст, како и за потребата да се осигура стабилен и безбеден Балкан со европски перспективи.

Поврзани новости