Драганчо Саботковски и официјално е новиот градоначалник на Општина Могила

by fokus

Денеска Општинската изборна комисија во Могила им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник и на новите советници од Советот на општина Могила. Потоа, следуваше примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Могила. Во градоначалничкиот кабинет новиот градоначалник Драганчо Саботковски ја презеде функцината од доскорешната градоначалничка Јасмина Гулевска.

Изборите за градоначалник во општина Могила завршија во првиот круг, кога Драганчо Саботковски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалциијата освои 2.113 гласа или 57,28% од излезените гласачи му ја дале довербата, а за Јасмина Гулевска која беше кандидат на СДСМ и Коалицијата гласале 1.358 гласачи или 36,81%.

Во новиот Совет на општина Могила кој брои 11 советници, најмногу мандати освои ВМРО ДПМНЕ и има 6 советници, 3 од СДСМ и 2 советника од независни листи.

Поврзани новости