Драган Стојчевски го развеа нашето знаме во Грција!

by fokus

Бодибилдерот и поранешен Мистер на Македонија, Драган Стојчевски го развеа македонското знаме на Крф, соседна Грција. Тој беше еден од учесниците на 28-то ИФББ Балканско првенство во бодибилдинг и фитнес и помеѓу силната конкуренција успеал да го освои второто место.

-Јас настапив во категоријата Мan’s physique masters, над 40 години. Токму во таа категорија имаше најмногу натпреварувачи, дури осум. Од тие осум, првин влегов во финалните шест, а потоа во потесниот круг бев второ место и се закитив со сребрениот медал – раскажува Стојчевски за ,,Фокус”.

Додава дека е задоволен со постигнатиот резултат, но продолжува со засилено темпо во нови успеси.

-Ова ми е прво, дебитантско учество на некој натпревар надвор од нашата држава. Здравје, моите идни планови се да заминам на Европско првенство наредната година – вели тој.

Драган и стана познат на јавноста како првиот Мистер на Македонија во 2004 година. Вработен е во шестата управа на МВР како обезбедување на ВИП личности. Тој беше и организатор на државното првенство во туркање со рака (Armwrestling).

Во минатото беше манекен во модното студио ,,Црнокрак’’. Постигна голем успех и на светскиот избор за мистер во Кина, од каде се врати со две титули, првата Мистер Фитнес второ место и втората – прво место Мистер на Европа и се појави како главен актер во многу музички спотови на наши пејачи. Денес е посветен на бодибилдингот и фитнесот, и одржува персонални тренинзи во теретаната во ,,Борис Трајковски”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости