Драган Стојчевски: Ги собравме силните и згодни момци од целата земја на едно место!

by Fokus
Завчера во Домот на АРМ во Скопје се одржа државното првенство во туркање со рака. Настанот беше во организација на поранешниот Мистер на Македонија, Драган Стојчевски, а потпомогнат од Агенција за млади и спорт.

Стојчевски вели дека е задоволен од интересот и планира вредно да работи на враќањето на популарноста на овој спорт во земјава.

-Натпреварот се одржа по пауза од пет години. Продолживме каде што застанавме, и многу сум задоволен поради тоа што гледам дека за овој спорт постои голем интерес, имаме силни и згодни момци кои што се пријавија и се натпреваруваа, но настанот имаше и своја публика, што е показател дека во Македонија луѓето се интересираат за натпреварите од овој вид – вели Драган.

Тој додава дека биле доделени многу награди, а како апсолутен победник на турнирот излегол Дејан Јовановиќ.

-За сите победници беа обезбедени парични награди. Во категоријата до 80 килограми првите награди заминаа кај Марко Велевски од Скопје, Марјан Цветковски од Скопје и Тоде Миноски од Струга. Во категоријата од 80 до 90 килограми, првата награда ја добив јас, а наградени беа и Христијан Манасиевски од Гевгелија и Даниел Спасеновски од Кичево. Во категоријата од 90 до 100 килограми наградите ги освоија Стефан Поповски од Битола, Сефер Требишта од Дебар и Владимир Петковски од Битола. Во категоријата над 100 килограми наградени се Дејан Јовановиќ од Скопје, Дино Дечковиќ од Скопје и Бојан Димитров, исто така од Скопје. Драго ми е што настанот успеа да ги собере силните и згодни момци од целата земја на едно место, односно што имавме учесници од многу градови кои ги покажаа своите мускули – изјави Стојчевски.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости