Драчево и дел од Долно Лисиче денеска без вода

by fokus

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за прекин во водоснабдувањето во населбата Драчево. Од таму додаваат дека без вода се очекува да остане и дел од Долно Лисиче до санирање на дефектот.

„На ден 07.11.2018 година поради уличен дефект ф-100мм на ул. Бранко Заревски 90, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Драчево и дел од Долно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување“, соопштија од таму.

Поврзани новости