ДПМНЕ и СДСМ не можат да се договорат за заменици на Специјалниот обвинител

by Фокус 19:08
19:08

Работните групи за спроведување на договорот од Пржино денеска повторно разговараа за Специјалниот обвинител, но се уште се далеку од договор. Проблем се замениците на Специјалниот обвинител за кои СДСМ инсистира, а ВМРО-ДПМНЕ смета дека тие би биле противуставни.

Од СДСМ сметаат дека Специјалниот обвинител не може сам да работи на случаите и дека мора да има и помошници обвинители. Неофицијално, и меѓународните посредници кои се вклучени во процесот на преговорите го делат истиот став.

- Advertisements -

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека барањето за заменици на Специјалниот обвинител излегува надвор од рамката на договорот од Пржино, но и дека е противуставно.

Според договорот, Специјалниот обвинител треба да биде избран до 15 септември. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев,  најави дека доколку тој не се избере во предвидениот рок, СДСМ ќе продолжи со објавување на бомбите.

Поврзани новости