ДПМНЕ демантира: Тоа не е Груевски на фотографијата, Роберт Де Ниро е!

by lali 13:23
13:23

По објавената фотографија на социјалните мрежи како Груевски се сонча на лежалка и носи наочари за сонце за кои се претпоставува дека се Limited Edition Maybach и чинат 60 000 долари, изработени од 18 каратно злато и 174 дијаманти, неговата партија ВМРО ДПМНЕ испрати демант кој ви го приложуваме во целост:

„Почитувани,

- Advertisements -

Фотографијата што се појави по социјалните мрежи а ги објавија дузина проопозициски портали не е од премиерот Никола Груевски, туку е од познатиот актер и оскаровец Роберт Де Ниро. Ова не е прв пат надвор од Македонија, нашиот премиер да го помешаат со славниот актер. Тоа многу пати се случуваше кога премиерот Никола Груевски ги правеше своите роуд шоуа низ светот каде странските инвеститори застануваа и бараа да се сликаат со него мислејќи дека е Роберт Де Ниро.  Кога дознаваа дека не е, велеа дека немаат батерија. Затоа и немаме многу фотографии од странските инвеститори. Но тие не се во Македонија да се сликаат, туку да инвестираат.

Ние може да потврдиме дека нашиот премиер не е во Тел Авив како што се шират шпекулациите, туку дека е на одмор во Македонија. Тој со тоа помага во развојот на македонскиот туризам и привлекувањето на голем број туристи од целиот свет. Ваквите шпекулации само можат да ги разнишаат нашите добри односи со Израел затоа што таму нашата влада има голем број пријатели и би било навистина лешперски ако премиерот отиде на одмор во Тел Авив а не се најави и не се види со своите пријатели од Израел“ се вели во соопштението на владејачката партија.

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните политички збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости