ДПА ја потврди одлуката дека ќе учествува на изборите

by Фокус

Централното собрание на ДПА денеска одржа седница на која беше потврдено учеството на партијата на претстојните парламентарни избори на 24 април.  Освен оваа одлука, ДПА избра и претседател на изборниот штаб, а тоа ќе биде Азим Садики кој ја врши функцијата секретар на партијата.

Според ДПА, комесарот Хан и меѓународниот фактор дале цврсти гаранции дека изборите ќе бидат прифатени само ако се фер и демократски.

-Како аргумент дека ќе излеземе на изборите и нема да ги бојкотираме, е тоа што тие што преферираат бојкот на овие избори, од друга страна подготвија десетина мали партии кои што се така наречени „албански“ и се подготвени да ги извадат, ако ние одлучиме да ги бојкотираме изборите, изјави Азем Садики.

Поврзани новости