Досега собрани 750 потписи од потребните 5.700 против ДУП-от за Карпош 4

by Фокус

Нешто над 750 граѓани досега се потпишале на референдумот  за спречување на носење нов Детален урбанистички  план за населбата Карпош 4. За референдумот да биде успешен, треба да се произнесат најмалку 5.700 граѓани или 10 проценти од избирачкото тело во општина Карпош.

Поддржувачите на овој референдум претпоставуваат дека слабиот одзив се должи на работното време на подрачната единица на Државната изборна комисија, каде се собираат потписите. Државната изборна комисија на вчерашната седница донела одлука за продолжување на работното време, но само за последните три дена од референдумот.

На жителите на општина Карпош им останува уште една недела да се произнесат за оваа референдумска иницијатива. Тие се побунија против овој урбанистички план, бидејќи со него се предвидува уништување на реткото зеленило во населбата.

 

Поврзани новости