Досега се заразиле вкупно 1.527 здравствени работници од кои 12 починале

by Fokus

За време на целата корона криза од 26 февруари досега се заразиле вкупно 1.527 здравствени работници, од кои 12 починале, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Според ИЈЗ, во моментот од корона се заразени 247 лекари и медицински персонал, додека 1.268 оздравеле.  Исто така, според податоците најмногу заразени имало во главниот град дури 720, додека веднаш после него е Куманово со 184 и Гостивар со 76 здравствени работници.

Од починатите лекари и медицински персонал по тројца се од Скопје и Тетово, додека по еден од Куманово, Штип, Дебар, Охрид, Гевгелија и Кочани.

И.М.

Поврзани новости