Досега 99 држави и понудиле помош на Турција

by fokus

Вкупно 99 земји нудат помош за Турција, а тимови од 68 земји се на терен, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

На терен има 8.850 луѓе странски персонал, а се очекува да пристигнат уште 1.295.

Се очекува уште 14 земји да испратат тимови во зоната на катастрофата.

Спасувачите се уште трагаат по преживеани во урнатините, а бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 33.000 и се очекува да продолжи да расте.

Турција вети дека темелно ќе ги истражи сите за кои постои сомневање дека се одговорни за уривањето на зградите во разорниот земјотрес пред речиси седум дена и веќе нареди притвор на 113 лица.

Поврзани новости